Кружен тек е новото сообраќајно решение на ул. Орце Николов” и ,,Аминта Трети “ во Дебар Маало

Градот Скопје и Општина Центар со ново сообраќајно решение ќе го решаваат сообраќајниот хаос во Дебар Маало.

 

Како што најави денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ со проектот е предвидена целосна реконструкција на улицата Орце Николов, ќе се реконструира коловозот со површина од 9330 м2 по цела должина на улицата. На селектирани локации ќе се изврши подигнување на улицата, ќе бидат поставени 5 подигнати премини кои ќе придонесат за намалување на брзината на движење. Со проектот е предвидено и поставување на монтажен кружен тек на раскрсницата помеѓу улиците “Орце Николов“ и улицата “Аминта Трети“ (поранешна Ленинова), како и воведување на паралелно паркирање, за што ќе бидат изведени т.н џебови за паркирање, долж целата улица.

 

Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека Градот Скопје ја помага идејата на нов современ лик на сообраќајницата Орце Николов и очекува и во иднина заедно со Општина Центар во централното градско јадро да ги реализираат заедничките идеи со цел да ги подобрат условите за живеење како и да се подобри инфраструктурата на градот.

 

Во текот на оваа година, планот на Општина Центар предвидува реконструкција и на уште седум улици, кои освен нови и подобрени сообраќајни решенија, предвидуваат и нови и подобрени инфраструктурни решенија, во зависност од потребите на секоја од улиците.

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.