Поскапува паркирањто во Дебар маало, Буњаковец и Капиштец

Јавното претпријатие „Паркинзи„ на Општина Центар“ воведува измени во зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластената паркинг карта за деловен субјект и вработени во деловен субјект.

Промените на зоните се однесуваат на трите најфрекфентни јавни паркиралишта „Дебар маало“, „Буњаковец“ и „Капиштец“.

 

Од вчера, секторот „Дебар маало“ од зона 1 премина во зона 01, а секторите „Буњаковец“ и „Капиштец“ од зона 2 преминаа во зона 1. Како што информираат од ПОЦ со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата, ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината, а воедно претставува и превентивна мерка за намалување на степенот на загаденост на воздухот.

 

Цените на еден час паркирање во овие три зони поскапува за 10 денари, односно важи цената за соодветната зона:

 

Зона 01 - 1 час 50 ден.

Зона 1 - 1 час 40 ден.

Зона 2 – 1 час 30 ден.

 

Во делот казнување, односно наплата за непратена порака за паркинг,  ЈП Паркинзи на Општина Центар издава дневна паркинг карта која е во важност од моментот на нејзиното издавање до истото време наредниот ден и важи за паркинг зоната во која е издадена.

 

Дневната паркинг карта во зона 01 изнесува 1.200,00 денари, во зона 1 – 960,00 денари и во зона 2 – 720, 00 денари. Доколку издадената дневна паркинг карта финансиски се раздолжи во рок од 24 часа од моментот на нејзиното издавање, се смета како дневна при пејд карта и истата за зона 01 изнесува 600,00 денари, а за зона 1 и 2 – 400,00 денари.

 

Доколку дневната паркинг карта не се уплати во првите 24 часа во периодот кога може да се раздолжи како дневна при пејд карта, издадената дневна паркинг карта треба да се уплати во целосна сума во рок од 8 дена од денот на нејзиното издавање. Во случај да не се уплати дневната паркинг карта во дадениот рок, во соработка со Министерството за внатрешни работи, ЈП Паркинзи на Општина Центар обезбедува податоци за сопственоста на возилото, врз основа на кои се изготвува опомена и фактура.

 

Граѓаните кои не се корисници на ЈП ПОЦ треба да бидат особено внимателни каде паркираат, бидејќи честопати се случува граѓаните да се паркираат на паркинг кој е наменет само за станари. Во тој случај по барање на станарите возилата за кои ЈП Паркинзи на Општина Центар нема податок во дата базата на податоци се отстранува со специјалното возило „ПАЈАК“, а доколку затекнатото возило е корисник на ЈП ПОЦ контролорите се должни да го известат сопственикот на возилото сам да го отстрани од резидентното паркиралиште, информираат од ПОЦ.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.