Богдановиќ кажа што работел една година од стапувањето на функцијата

Една година по преземањето на градоначалничкиот мандат, градоначалникот Саша Богдановиќ даде отчет за сработеното, при што се осврна на училиштата и градинките. Изминатава година доградени беа 8 нови училници и простории во основното училиште “Гоце Делчев“, смененета е и водоводната и фекалната канализација. Во ОУ “Кирил и Методиј“ реконстурирани се две училници, во ОУ “Кочо Рацин“ реконструирано е надворешното игралиште, а во ОУ “Коле Неделковски“ заменети се 18 стари, метални врати со нови. 

 

 333 финансиски поддршки за новороденчиња, како и над 300 финансиски поддршки на лица со висок социјален ризик. Во градинките на територија на општината воведени се бесплатни часови по англиски јазик за децата од средните и големите групи. Во соработка со Ротари Клубот Скопје – Камен Мост, во дел од градинките се донираат и прочистувачи на воздух. Комплетно санирани се јаслите во градинката Кочо Рацин – клон Бели Мугри, а и отпочната е набавка на реквизити за матичниот објект на градинката “13-ти Ноември“.

 

Советот на општина Центар, на предлог на Градоначалникот Богдановиќ, набргу по доаѓањето на власт, во декември ја усвои и одлуката за запирање на спроведувањето на Деталните Урбанистички Планови, односно популарниот “Мораториум на градби“. Со ова, ДУП-овите одат на стручна ревизија и доработка, со што повторно ќе се стават на дневен ред за работа на советот. Секторот за урбанизам, заедно со стручните соработници, изминатата година интензивно и активно работат на изработување и усогласување на ДУП-овите со ГУП-от на Град Скопје. Во соработка со жителите на Центар, во новите ДУП-ови видливи се настојувањата за вградување на нови површини за градинки, училишта, спорт и рекреација како и зголемување на степенот на зелени површини. Оваа година издадени се над 500 решенија за легализирање на градежни објекти.

 

Досега Секторот за уредување на градежно земјиште реконструираше 6 улици, односно: улицата Бигла, улиците 171 и 172 во Крњево, улицата Капиштец, крак од Стефан Јакимов Дедов и улицата Питу Гули, а во завршна фаза се и улиците Ѓуро Ѓоновиќ и Димитар Пандилов.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.