Општина Центар најави дека ОУ „Гоце Делчев“ е подготвено за првиот училишен ден

Државен санитарен инспектор по вчерашната посета утврдил дека сите проблеми за непречено одвивање на образовниот процес се отстранети.

Фасадата на училиштето во целост е завршена, внатрешните простории  се реновирани и целиот објект е исчистен и подготвен да ги прими учениците во понеделник, 10 септември, информираат од општината.

Оп општината додаваат дека им се извинуваат на учениците  поради пролонгирањето на првиот училишен ден и во исто време се надеваат дека реновираниот простор ќе им обезбеди добри услови за учење и престој.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.