Костовски: Ќе го решиме проблемот со нелегално изградените објекти во општината

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовскисо информираше дека започнал со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територијата на општината.

 

-Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградените објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница. За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам, изјави Костовски. Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато, порача градоначалникот Дарко Костовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.