Дезинфекција на градинките, училишните дворови и детските игралишта во Општина Бутел

Општина Бутел континуирано спроведува акција за чистење и дезинфицирање на сите објекти каде секојдневно се присутни најмладите жители, информираат од општината.

 

Дезинфекција се врши во градинката „11 октомври”  како и во седумте општински основни училишта. Од општината додаваат дека исто така редовно се дезинфицираат детските игралишта и дворовите на градинките и училиштата.

 

Акцијата е резултат на зголемениот број позитивни лица, но и како и превентивна мерка против ширењето на коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.