Градоначалникот на Бутел подели 300 хуманитарни пакети за социјално ранливите семејства

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, подели 300 хуманитарни пакети со основи прехрамбени производи и средства за лична хигиена на граѓани од социјално ранливите семејства од општината.

За акцијата да биде успешна, во соработка со одговорните лица на МПЦ И ИВЗ кои се на територија на Општина Бутел, Смилевски додели 200 пакети, кои ќе се поделат граѓаните кои им се најпотребни.

„Во оваа акција не ги заборавивме и трудовите инвалиди – пензионери каде што заедно со претседателот на здружението и Градоначалникот Велимир Смилевски, денеска пред општинската зграда беа поделени 30 пакети за оваа категорија на граѓани кои се со ниски примања. Останатите хуманитарни пакети беа поделени на граѓани, кои преку Кризниот Штаб за заштита и спасување на Општина Бутел поднесоа барање за помош со храна и други намирници“, информираат од општината.

Општина Бутел најави дека и утре продолжува со делење на хуманитарни пакети до граѓаните за сите социјално загрозени семејства, но и во иднина се додека трае оваа криза.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.