Општина Бутел во акција за помош на гладните и бездомни кучиња

Во овие  тешки времиња, кога многумина  внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат. Општина Бутел  заедно со Амос шелтер започна иницијатива да им помогне на гладните и бездомни кучиња.

„Денеска беа  поставени  12  уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел.  Амос шелтер во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена  а поголем дел од рестораните се затворени. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во наслебите на општината. Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни“, соопшти Општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.