Преубави торти од професионалци и аматери на Слатка мистерија 2020 (ВИДЕО)

Во Општина Бутел во соработка со организацијата Ангелчиња, успешно се организираше хуманитарната манифестација, 14-та по ред тортијада Слатка мистерија.

 

На настанот учествуваа натпреварувачи од седум општини од градот, а се натпреваруваа во две категории: изработка на торти од професионалци и од аматери.

 

Во официјалниот дел на тортијадата беше одржана лицитација. Собраните средства ќе се наменет за дваесетгодишниот Филип Комненовски, заболен од церебрална парализа.

 

Во детскиот ревијален дел, учествуваа ученици од основните училишта во Општина Бутел, кои заедно со своите родители декорираа торти. Имагинацијата на сите ученици беше наградена со благодарници и пригодни подароци. За најубавите торти беа доделени шест награди, по три во двете категории.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.