Дежурен телефонски број во функција за жителите на Општина Бутел

Општина Бутел отвори дежурен телефонски број, на кој што жителите ќе можат деноноќно да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, животната средина и урбанизмот. 

 

Пријавите може да се однесуваат на палење смет, токсичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго, информираат од општината.

 

На дежурениот телефонски број 075/249-314 ќе а се пријавуваат сите нерегуларности кои се во надлежност на општината, а со тоа ќе се олесни работата на инспекциските служби бидејќи со директна пријава кај нив ќе можат навреме да интервенираат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.