Општина Бутел набавува метларка за одржување на улиците

Преку проектот за подобрување на општински услугите на Меѓународната банка за обнова и развој, Општина Бутел ќе набави метларка, пишува во јавниот оглас, објавен на веб страната на општината.

 

Општина Бутел ги повикува соодветните и квалификувани понудувачи да поднесат понуди преку процедурите за национално конкурентно наддавање (NCB) како што е специфицирано во упатството на Светска банка.

 

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и увид во тендерската документација во Општина Бутел секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата не помалку од 100.000 денари. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите на 28.11.2019 година, пишува во јавниот оглас. објавен на веб страната на Општина Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.