Реализирани проекти за подобар живот на граѓаните на Бутел - Отчет на Смилевски (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска ја презентираше реализираната програма за време на неговиот мандат.

 

 

Тој се осврна на сите области што се во надлежност на Општина Бутел, како и на проектите што заедно се реализирани со Град Скопје.

 

Реализираните проекти беа претставени преку видео презентација, а беше промовирано и печатеното издание со наслов: ,,Градиме иднина за Бутел 2017-2019,,.

 

Градоначалникот Смилевски ги истакна поважните реализирани проекти и оние што се во тек, како што се рекнструкцијата и проширувањето на патот Бутел - Љуботен, реконструкцијата на улици низ општината, атмосфреската канализација, новото осветлување, како и за вложувањата во училиштата, животната средина, културата и спортот.

 

Сите заинтересирани, подетални информации за реализираните проекти во изминатите две години можат да ги најдат во електронското издание на брошурата која што е објавена на веб страницата на Општината, како и на фејсбук.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.