ОПШТИНА БУТЕЛ: ИНТЕРАКТИВНИ ТАБЛИ ЗА СИТЕ УЧИЛИШТА

Денеска грдоначалникот Велимир Смилевски ја промовираше набавката на 50-те интерактивни табли за сите основни училишта во Општина Бутел.

 

Исто така набавени се и 50 проектори со ултракратка проекција. Подновени,  со најразлични реквизити, ќе бидат и спортските сали. Набавени се: душеци, топки за сите екипни спортови, мрежи и рекети за пин понг, табли и конструкциии за кош и др.

 

Исто така, набавени се наставни помагала за деца со посебни потреби: графомоторичка табла, сложувалки со букви, со возила и животни, со магнет, со броеви, со часовник, како и креативен сет за нижење. По еден ваков комплет ќе добијат сите седум основни училишта.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека Општината во континуитет се грижи за унапредување на наставата во основните училишта за сите ученици и особено за учениците со посебни потреби кои посетуваат редовна настава. Обуката за наставниците за работење на интерактивните табли ќе се одржи во месец август, додаде Смилевски.

 

Целата оваа училишна набавка е во вредност од 3 763 595,00 ден. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.