Изложба на Владан Ранѓеловиќ во Бутел

Во холот на Општина Бутел изложени се 20 слики од циклусот Црвена игра на ликовниот уметник од Ниш, Владан Ранѓеловиќ.

 

Изложбата денеска ја отвори градоначалникот Велимир Смилевски, а Владан Ранѓеловиќ е повеќегодишен учесник на ликовната колонија во Љубанци со што со право може да се  нарече доајен на колонијата.

 

Владан Ранѓеловиќ досега има одржано над 35 самостојни изложби во Србија и Европа, а има учествувано и во над 150 групни изложби. Тој вели дека има учествувано повеќе пати на ликовната изложба во Љубанци и задоволен е од целата организација и местоположбата каде се одржува оваа ликовна колонија.

 

Инаку, Владан Ранѓеловиќ покрај тоа што е познат и афирмиран ликовен уметник во Р. Србија, тој е и професор на Факултетот за ликовни уметности во Ниш, а неговата самостојна изложба во Општина Бутел ќе биде отворена до 26 јуни.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.