Изложба на народни носии и пролетен базар во Бутел

Во Општина Бутел денеска беше отворен вториот Пролетен Базар  под покровителство на Општина Бутел, а во организација на Здружението на уметници ракотворци “АРТИ КРАФТ”-Скопје. Во рамки на базарот беше отворена и изложбата на народни носии.

 

Како што изјави градоначаликот Велимир Смилевски, Општина Бутел и понатаму ќе остане покровител на вакви културни манифестации, преку кои на најмладите им се преставува етнолошкото и културно богаство на  нашата земја и дека таа практиката на негување на културното наследство ќе ја продолжат токму најмладите.

 

На овогодинешната манифестација беа изложени над 30 народни носии од Кумановскиот регион, односно од регијата на североисточниот дел на земјата. Достана Караѓозоска Станковска, колекционерка на изложените народни носии рече дека покрај носиите кои се изложени, во нејзината колекција има околу 200 народни носии од повеќе региони на нашата земја.

 

Целата манифестација беше збогатена со изложба на ракотворбите на гости уметници од Црна Гора, Албанија, Србија и Косово, а пред присутните настапија играорците  од КУД “Плетеница” со народни танци и изведба на македонски народни песни.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.