Сликите од ликовната колонија „Љубанци 2018“, утре ќе бидат изложени во општина Бутел

 

Во Општина Бутел утре ќе биде отворена ликовната изложба на делата од осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018“.

 

Станува збор за 30 дела на 18 ликовни уметници учесници на последната ликова колонија, што традиционално, се одржува во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат 27 слики, две скулптури во дрво и една скулптура во мермер.

 

На последната ликовна колонија, покрај македонските реномирани ликовни уметници Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други, учествуваа и уметниците од Србија: Владан Ранѓеловиќ, Наташа Радосављевиќ – Нара и Светислав Славковиќ - Кајзер.

 

На изложбата ќе биде промовиран специјално подготвениот каталог: Осма ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

 

Најубавите четири детски цртежи насликани на ,,Детскиот ден,, во рамките на ликовната колонија, ќе бидат наградени.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.