Акција за собирање кабаст отпад во Бутел

 

 Oд денеска до 24 април на територија на општина Бутел ќе се спроведува акција за собирање кабаст отпад.

 

Граѓаните што имаат кабаст отпад ќе имаат можност бесплатно да се ослободат од истиот. Со цел непречено одвивање на акцијата, потребно е кабастиот отпад да се изнесе пред своите домови, поточно пред влезните врати на нивните дворови за да можат службите да го земат и да го одложат во големите контејнери што се поставени на три локации.

 

Камионите, кабастиот отпад ќе го собираат на: 22, 23 и 24 април од 07,00 – 12,00 часот.

 

Големите контејнери за кабаст отпад се поставени на три локации.

 

Првиот е лоциран на улица ,,Груица Војвода,, (позади кино Бутел), вториот, на плоштадот на улиците ,,Хо Ши Мин“ и ,,Рудо,“ и третиот на првиот влез во Радишани кај спортската сала ,,Иван Хаџи Николов“.

 

Поставените контејнери, се можност остатоците од големото предвелигденско чистење, да бидат одложени на соодветен наичин, без притоа да ја загадуваат природата.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.