Општина Бутел ќе привлекува инвеститори во економските зони

Сојузот на Стопански комори на Македонија и општина Бутел денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува заедничко залагање за промоција на двете економски зони на територија на општина Бутел.

 

Според градоначалникот на општината, Велимир Смилевски, географската местоположба и близината обиколница поволно ќе влијаат за развој на бизнисите.

 

Како што истакна претседателката на Сојузот, Даниела Арсовска, потпишувањето на овој договор за понатамошна соработка ќе значи привлекување на нови инвеститори во некоја од двете економски зони во општина Бутел.

 

Понатамошната соработка помеѓу Сојузот на стопански комори и општина Бутел, ќе се одвива во насока на промоција на општината во рамки на бизнис клубот, кој ќе функционира во општина Бутел. Од досегашните информации познато е дека голем број компании се заинтересирани својот бизнис да го префрлат во индустриската зона Визбегово.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.