Со дефиле на велосипеди завршија деновите на екологија во општина Бутел

Со манифестација еко дефиле на велосипеди во Општина Бутел завршија Десетте денови на екологијата во општината.

 

Велосипедско дефиле беше реализирано од седумдесетина ученици предводени од градоначалнците на Град Скопје и Општина Бутел кои ја поминаа делницата од општинската зграда преку улицата „Натанаил Кучевишки", новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош" и преку улицата „Цетинска", по што повторно се вратија пред Општина Бутел.

 

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски во своето обраќање на манифестацијата истакна дека е задоволство да се вложува во еколошката свест на најмладите.

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, пак, порача дека се чувствува многу убаво секогаш кога е на велосипед и кога е присутен на еколошки манифестации.

 

Значајна улога при мотивирањето на учениците да користат велосипеди имаат и наставниците. Одделенскиот наставник Мирослав Митиќ, кој и самиот беше дојден со велосипед, вели дека често на своите ученици им го објаснува значењето на велосипедот.

 

Во рамките на манифестацијата беа доделени трите награди за најдобрите основни училишта. Првото место го освои ОУ „Живко Брајковски", второто ОУ „Лиман Каба", а третото ОУ „Гоце Делчев".

 

Првонаградениот и второнаградениот ученик за еко стрипот добија по еден велосипед, а третопласираниот доби тротинет. Останатите ученици од другите четири основни училишта за одработените теми во изминатите десет дена добија благодарници и планинарски ранци. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.