Дефилето на велосипеди го означи крајот на Десетте денови на екологијата во Општина Бутел

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов со велосипед дојде на манифестација еко дефиле на велосипеди во Општина Бутел со што завршија Десетте денови на екологијата во општината.

 

Велосипедско дефиле беше реализирано од седумдесетина ученици предводени од градоначалнците на Град Скопје и Општина Бутел кои ја поминаа делницата од општинската зграда преку улицата „Натанаил Кучевишки", новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош" и преку улицата „Цетинска" повторно се вратија пред Општина Бутел.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски во своето обраќање на манифестацијата истакна дека е задоволство да се вложува во еколошката свест на најмладите.

 

-Тоа ќе го правиме постојано, а особено во рамките на деновите на екологијата, додаде Смилевски.

 

Скопскиот градоначалник Шилегов, пак, порача дека се чувствува многу убаво секогаш кога е на велосипед и кога е присутен на еколошки манифестации. Додаде дека Градот Скопје ќе ја продолжи изградбата на велосипедски патеки се додека Скопје не стане целосно вело – град.

 

Во рамките на манифестацијата беа доделени трите награди за најдобрите основни училишта. Првото место го освои ОУ „Живко Брајковски", второто ОУ „Лиман Каба", а третото ОУ „Гоце Делчев". Првонаградениот и второнаградениот ученик за еко стрипот добија по еден велосипед, а третопласираниот доби тротинет. Останатите ученици од другите четири основни училишта за одработените теми во изминатите десет дена добија благодарници и планинарски ранци. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.