,,Вози велосипед за почист свет” во Општина Бутел

Пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, во паркот пред Општината Бутел, утре со почеток во 11,00 ч. ќе се одржи завршната манифестација – еко дефиле на велосипеди со што ќе бидат затворени десетте ,,Денови на екологијата” во Општина Бутел.

 

Како што информираат од општината, на манифестацијата ќе бидат прогласени најдобрите три тима од основните училишта во Општина Бутел, кои работеа на различни еколошки теми во изминатите десет денови. Ќе биде избран најуспешниот еко стрип, а ќе бидат доделени и пофалници, благодарници и планинарски ранци.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.