Засадени 25 јасени во дворот на ОУ ,,Живко Брајковски” во Бутел

Во училишниот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, денеска беа засадени 25 јасенови дрва. Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, директорката на училиштето, заедно со учениците и наставниците од секцијата по биологија учествуваа во овој еколошки хепенинг за поубава и позелена еколошка средина.

 

Како што истакна градоначалникот Велимир Смилевски овие 25 јасенови дрва се само дел од активностите за хортикултурно и содржинско уредување на огромниот двор на ова училиште. Денешните акттивности треба да бидат поттик за учениците, нивните родители и наставниот кадар за негување и чување на животната средина.

 

Директорката на училиштето, Розалија Ангеловска се заблагодари за денешната акција и истакна дека како училиште ќе продолжат и понатаму да го уредуваат училишниот двор.

 

Учениците се обврзаа дека ќе ги негуваат и наводнуваат засадените дрва. Повеќе други нивни пораки беа поставени  до стеблата на јасените. Најискрена беше пораката: Засади дрво, засади цвет за поубав свет.

 

Покрај денешното засадување јасенови дрва во училишниот двор на ова училиште, во наредниот период ќе бидат засадени и други дрва со цел разубавување на училиштето.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.