Акција за чистење на дивите депонии во Бутел

Во Општина Бутел, денеска почна акција за чистење на дивите депонии, во рамките на Неделата за подигнување на јавната свест, на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

 

Почетокот на акцијата се одвиваше во близина на трафостаницата кај големата клучка на Скопската обиколница, каде што директорот Абдусамед Шабани и градоначалникот на Оштина Бутел, Велимир Смилевски, им се обратија на граѓаните со апел совесно и правилно да го одлагаат отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии.  

 

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека во наредните два дена ќе бидат исчистени сите помали и поголеми депонии на територијата на Опшина Бутел.

 

Директорот ЈП Комунална хигиена, Абдусамед Шабани истакна дека оваа акција се одвива на целата територија на Град Скопје, а граѓаните треба да ја сфатат важноста на овие пораки, колку и ќе разберат дека заштитата на животната околина  зависи од нивниот однос кон отпадот.

 

Инаку, на територијата на Општина Бутел има неколку црни точки освен посочената, каде што постојано несовесно се фрла смет, шут и друг цврст отпад, а тоа се депониите: на ул. ,,Александар Урдаревски,, кај домот ,,25 Мај,,; на ,,Боца Иванова,, кај Градските гробишта,; на ,,Цетинска,, ; кај новиот бул. ,,Христијан Тодоровски Карпош,,  и во руралниот дел Боринарец на излезот од Љуботенски пат према Љуботен.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.