Расте општествената одговорност кај компаниите

Општествено одговорните компании стануваат се побројни во изминатиот период.

 

Според статистиката во изминатите 11 години 180 македонски претпријатија пријавиле 580 општествено одговорни практики со кои ја покажале својата посветеност кон подобрување на нивното влијание врз општеството и животната средина. Деловната заедница во Македонија станува комплетно снесна дека секоја водечка компанија треба да биде општествено одговорна.

 

Една од општествено одговорните компании е компанијата „Здравје Радово“ која во Општина Бутел пред новогодишните празници направи донација на 300 детски јакни пакети со прехранбени производи за семејства од социјално ранлива категорија и пакети со јогуртчиња за сите ученици во основните училишта на територија на Општина Бутел.

 

По тој повод градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски оствари средба со претставници од компанијата, на средбата градоначалникот им додели благодарници на претставниците од “Здравје Радово” за предновогодишната донација и несебичниот ангажман за реализирање на истата.

 

Градоначалникот Смилевски ја истакна важноста на општествената одговорност на бизнис секторот во поглед на хуманоста кон социјално ранливите категории на семејства и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжат заедничките соработки од ваков карактер.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.