Засадени нови 15 јасени во дворот на градинката ,,Бутел 2”

Општина Бутел интензивно работи на подобрување на животната средина во општината.

 

Акцијата за засадување дрва продолжува, во дворот на детската градинка ,,Бутел 2” засадени се нови 15 јасени.

 

На засадувањето присуствуваше и градоначалникот Велимир Смилевски кој истакна дека со оваа активност се продолжува и во наредниот период, се додека има поволни услови за садење, како знак на придонес во зачувувањето на животната средина на граѓаните.

 

Инаку до сега засадени се на неколку локации дрвца, со цел да се раззелени општината, а жителите на Бутел да добијат почист воздух.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.