Дводневен новогодишен спектакл во општина Бутел

Општина Бутел на 27ми и 28ми декември подготвува голема прослава за Новата 2019 година во трговскиот центар ,,Живко Брајковски,,.

 

Во специјално накитениот простор ќе има и голема бина на која ќе се одвива богатата програмата од 11 до 22 часот. Како што информираат од општината, во новогодишната програма со наслов: ,,Општина Бутел во новогодишно руво блесна, насекаде се слуша смеа и песна,, ќе учествуваат голем број изведувачи.

 

Од 11 до 18 часот ќе настапат најмладите од основните и средните училишта во општината, а предвиден е настап и на повеќе културно уметнички друштва: ,,Никола Јонков Вапцаров,, КУД ,,Митеви,, ,,Плетеница,, КУД ,,Илирида,, босанската фолклорна група ,,Диван Хана,, и др.

 

За хуморот и смеата ќе биде задолжен познатиот хуморист Војче Китановски, а предвидени се и претстави на многу жонглери и магионичари. На крајот од првиот ден ќе настапи групата ,,Куку леле“.

 

Вториот ден ќе биде збогатен со доаѓањето на Дедо Мраз од 15 до 17 часот кога ќе бидат извлечени добитниците на новогодишната лотарија.

 

Веднаш потоа ќе настапат познати пејачи од нашата естрада како Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Боби Спасенцовски, Адријан Гаџа, Владанка Георгиева и др.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.