300 ученици од основните училишта во Бутел добија јакни

300 дечиња од основните училишта во општина Бутел денеска им се израдуваа на новите зимски јакни, кои им ги подели градоначалникот на општината, Велимир Смилевски.

 

Јакните се наменети за деца од социјален ризик, а нив ги обезбеди компанијата „Здравје Радово“.

 

Градоначалникот Смилевски, задоволен од соработката со општествено одговорните компании нагласи дека ваквите донации се особено значајни кога доаѓаат во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.

 

Општина Бутел доби уште една донација од невладината организација „Македонски центар за граѓанско образование“. Донацијата се состои од 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња.

 

Распределбата на донацијата ќе биде направена по новогодишните празници.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.