Богата новогодишна програма во Oпштина Бутел

Општина Бутел подготвува богата новогодишна програма која ќе се одржи в четврток и петок под мотото „Општина Бутел во новогодишно руво блесна. Насекаде се слуша смеа и песна", информираат од општината.

 

Програмата ќе се одвива спроти просториите на општината, кај ТЦ„ Живко Брајковски", а ќе настапат деца од градинките и учлиштата, како и фолклорни и културно уметнички друштва.

 

Најинтересно за децата ќе биде в петок во 15 часот кога најмладите ќе го пречекаат Дедо Мраз, по што ќе бидат извлечени среќните новогодишни пакетчиња.

 

Граѓаните ќе ги забавуваат повеќе естрадни ѕвезди-„Куку Леле", Адријан Гаџа, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски и уште многу други македонски познати имиња.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.