Општина Бутел подготвена за зимската сезона, набавени соларка и плуг

Општина Бутел подготвена ќе го дочека снегот.

 

За тековната зимска сезона набави се една соларка и еден плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на општината. Соларката со капацитет од 400 л. ќе биде монтирана на едно од двете мини камиончиња, а за плугот е предвиден багер, за кого постапката е завршена и на кој ќе биде монтиран плугот за чистење снег.

 

Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски индустриска сол е набавена за чистење на сервисните улици. За монтирање на плугот се очекува да пристигне багерот, а се разбира багерот ќе го користиме и за чистење на ѓубре од дивите депонии, како и за реката Серава.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека соларката, плугот и багерот се во вредност од околу 4 милиони 182 илјади ден. а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.