Општина Бутел ќе добие две нови современи градинки

Општина Бутел ќе ги проширува капацитетите на детските градинки.

 

Денеска во општината се одржа јавна презентација на основните проекти за новите градинки: ,,Бутел 2,, и ,,Св. Климент Охридски,,. Презентацијата на проектите беше реализирана од страна на професорките од Факултетот за архитектура и дизајн на Американ колеџот од Скопје: Виолета Бакалчев и Викторија Еремеева Наумовска. Како што информираше градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе се направат две нови современи градинки кои се проектирани согласно потребите на децата, кои ќе имаат кино сала, театар, базен и. т. н.

 

Виолета Бакалчев која го направи проектот за градинката Бутел 2 рече дека градинката е иновативна со тоа што ги вклучува и децата со атипичен развој, а во однос на просторните елементи таа ќе биде достапна за сите деца.

 

Викторија Еремеева Наумовска која го изработи проектот за градинката Св. Климент Охридски рече дека станува збор за комплетно нова градинка со капацитет за 75 деца и ќе биде направена по сите стандарди и нормативи кои ги предвидува Министерството за труд и социјална политика.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека ова ќе бидат првите две градинки не само во општината, туку и во Македонија кои ќе бидат проектирани и изградени според најсовремени стандарди.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.