Едукација за здрава храна во ООУ Ацо Шопов во Бутел

Исхраната е од големо значење за правилниот развој на децата, особено во првите години од животот кога се стекнуваат основните навики.

 

Но, за жал употребата на здрава храна во денешно време е се поретка кај децата. Нутриционистите велат дека едукацијата за здравата храна е од големо значење за децата да знаат што е здрава а што нездрава храна.

 

Во рамките на предновогодишните активности на ООУ Ацо Шопов во Општина Бутел денеска се одржа работилница за здрава храна која беше поддржана од градоначалникот Велимир Смилевски. Како што истакна Смилевски, Општина Бутел секогаш ќе ги поддржува ваквите активности кои ги едуцираат децата што е здраво и како да стекнуваат здрави навики.

 

Директорката на училиштето истакна дека како училиште се обидуваат децата да јадат здрава храна, почнувајќи од најмалите па до повисоките одделенија.

 

Нутриционистката Надица Илиевска истакна дека понекогаш децата се збунети од тоа што треба да јадат. Ваквите организирани денови каде се зборува за здравата храна треба да ги има почесто, бидејќи секогаш има место каде детето може да прифати храна која до тогаш не сакало да ја јаде. Илиевска додаде дека децата во денешно време воопшто не консумираат здрава храна.

 

Покрај активностите за здравата храна денеска во училиштето беше одбележана и 95 годишнината од раѓањето на поетот и патрон на училиштето Ацо Шопов. Како што не информираше наставничката по македонски јазик Весна Додевска, децата имаа можност да се запознаат повеќе со животот и делото на Ацо Шопов од неговата сопруга и неговата ќерка.

 

Директорката на училиштето најави дека активностите продолжуваат и во текот на утрешниот ден со Новогодишен хепенинг.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.