За една година во Општина Бутел се реализирани над 50 проекти

Во изминатите 365 дена од раководењето со Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски реализираше голем број на проекти во сите области.

 

На територија на Бутел изминатата година се реализирани повеќе од 50 проекти, манифестации или настани значајни за жителите на Бутел. Се работеше во делот на инфраструктурата, во делот на образованието и се разбира во делот културата и културните манифестации.

 

Градежните активности беа забележителни на десетина улици во oпштината. Темелно се реконструирани улиците: ,,3,, (со три нејзини крака во вкупна должина од 800 м), ,,Душко Поповиќ,, две улици во Радишани, една во Љуботенски пат. За реконструкцијата на овие улици од буџетот на Општина Бутел обезбедени се 2 500 000 денари.

 

Градоначалникот Смилевски додава дека за потребите на граѓаните во тек е изградбата на 6 пешачки патеки, од кои три се веќе готови со вкупна вредност од 4 300 000 ден, обезбедени од буџетот на Oпштина Бутел.

 

Во изминатата година градоначалникот Смилевски ја потенцираше соработката со Град Скопје. Во соработка со Градот беше пуштена во употреба новата делница од првата фаза на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош”, почна проширувањето на бул. ,,Босна и Херцеговина,, на потегот од бул. ,,Словенија,, до крстосницата со ,,Кемал Сејфула,,. Исто така, започна изградбата на атмосферската канализација на ул. ,,Александар Урдаревски,, на потегот од кружниот тек до семафорот каде се работеше првата фаза, па се до ,,Бутелска,, каде се реализира втората фаза.

 

Градоначалникот Смилевски потенцираше дека се работеше и на уличното осветлување во општината, со цел нормално и безбедно да функционира и во ноќните часови. На повеќе локации поставени се неколку десетици нови електрични столбови и канделабри, а обновени се и светилките во дворовите на сите основни училишта и градинките.

 

Во текот на изминатата година се даде акцент и на чистењето во општината, каде покрај тековното одржување, се реализираа и две есенски и една пролетна акција за темелно чистење на општината. Исто така се уште е актуелна и долгорочната акција за собирање на електронски отпад.

 

Во делот на образованието, сите училишта и градинки подготвено ја дочекаа учебната година. Во детските градинки имаше и поголеми градежни зафати. Станува збор за седиштето на ЈУ Детска градинка ,,11Октомври,, и клонот ,,Ташко Караџа,, во Радишани во кој темелно беше реновиран одделот за јасли. Во текот на една година Општина Бутел посвети внимание и на повеќе културни манифестации.Треба да се одбележи и проектот со кој се вработија 14 лични асистенти што ќе се грижат за децата со посебни потреби во основните училишта во Општина Бутел.

 

Од сите овие реализирани проекти во текот на една година, може да се заклучи дека Општина Бутел активно работи на обезбедување подобри услови за живеење за сите жители во општината.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.