Учениците од ООУ Лиман Каба и ООУ Аврам Писевски, изградија мостови а не ѕидови

Во Општина Бутел се одржа завршен настан за проектот ,,Градиме мостови, а не ѕидови” помеѓу ООУ Лиман Каба од Љуботен и Аврам Писевски од Бардовци.

 

Во рамките на проектот учениците помеѓу двете збратимени училишта неколку месеци учестуваа во работилници, правеа разни изработки, цртаа слики и се дружеа.

 

Советничката на градоначалникот на Општина Бутел, Николина Нолевска истакна дека целта на проектот ,,Градиме мостови, а не ѕидови”  е да се стави акцент на меѓусебната соработка, соживотот, негувањето на толеранцијата, да се запознаат едни со други, учениците да се здружат и да другаруваат, да имаат исти цели и да бидат насочени кон заедничка попросперитетна иднина.

 

Директорките на двете училишта истакнаа дека проектот го осмислиле двете училишта заедно, преку кој учениците генерациски се дружеа, а наставниците споделиле искуства. Директорките на училиштата ги охрабруваат и останатите училишта во Македонија да направат едно партнерство помеѓу друго училиште и да си овозможат нешто што ќе ги направи задоволни.

 

Проектот ,,Градиме мостови а не ѕидови” е под покровителство на ОБСЕ и европските амбасади во Република Македонија.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.