Поставено ново улично осветлување на ул. Натанаил Кучевишки во Општина Бутел

Општина Бутел во изниматите денови интервенираше на три локации во општината на кои постави ново улично осветлување.

 

Како што информираат оттаму најголем зафат беше направен на улицата ,,Натанаил Кучевишки,, каде што беше отстранет стариот дефект и беше променета целата електрична инсталација. На оваа улица поставени се и 34 нови штедливи натриумови светилки од 70 вати.

 

Исто така, со осум нови светилки осветлени се и двете патеки во паркот на ул. Втора Македонска  Бригада кои поминуваат покрај детското игралиште, а осветлена е и новата патека во Скопје Север која излегува на булеварот ,,Босна и Херцеговина,, на која се поставени нови канделабри со светилки.

 

Средствата за овие активности се обезбени од буџетот на Општина Бутел.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.