Еко-манифестација по повод собирна акција на пластична амбалажа

Во основното училиште „Ацо Шопов" во населба Радишани денеска се одржа еко-манифестација по повод собирната акција на пластична амбалажа,во соработка со ЈП „Комунална Хигиена"- Скопје и Театарот за деца и младинци.

Учествуваа сите ученици од основното училиште, а награди беа доделени на учениците од одделението кое собра најмногу пластичен отпад за рециклирање.

Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со директорот на јавното комунално претпријатие го поздравија настанот и порачаа дека ваквите еко-акции ке продолжат и во иднина, се со цел одржување на здрава и чиста еколошка средина и подигнување на свеста кај најмладите во нејзино зачувување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.