РК Бутел бесплатно ќе ја користи спортската сала „ Антон Димитров“

Советот на општина Бутел денеска одржа редовна седница, на која се дискутираше за предлог-тарифникот за утврдување на висината на надоместокот за користење на спортските објекти, предлог-правилникот за начинот за нивно користење и предлогот за ослободување од надоместокот за користење на салата ,,Антон Димитров,, на ракометниот клуб ,,Бутел,, кој се натпреварува во сениорска конкуренција во супер ракометната лига на Македонија.

 

Тоа значи дека цената за користење на спортската сала ,,Антон Димитров,, за еден час ќе изнесува минимум 800,00 ден. а за повеќенаменската сала ,,Иван Хаџи Николов,, минимум 700,00 ден. Закупот за училишните спортски сали ќе изнесува минимум 600,00 ден за час, додека надоместокот за тениското игралиште ќе изнесува 100,00 ден. за час (дење), а 200, 00 денари ќе чини ноќното играње тенис.

 

Во однос на правилникот за користење на термините, секогаш предност ќе имаат клубовите што се натпреваруваат во лига од највисок ранг во домашните спортски првенства, настапи на натпревари од меѓународен карактер и.т.н.

 

Едногласно беше донесена и одлуката со која за една година, од плаќање надоместок се ослободува ракометниот клуб ,,Бутел,, заради учеството на клубот во највисок ранг на натпреварување во спортското првенство во сениорска конкуренција во Супер ракометна лига, односно заради можното учество на меѓународни натпревари, а како поддршка од општината за поголеми успеси на натпреварувањата во овој спорт.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.