Основците од Бутел го одбележаа Меѓународниот ден на мирот

По повод Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, во Градскиот парк денеска, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничкa интеграција на младите во образованието се одржа промотивен настан на кој учествуваа повеќе од 100 ученици и наставници од сите седум основни училишта од општина Бутел.

 

На настанот присуствуваа и Претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, градоначалникот на опшштина Бутел, Велимир Смилевски како и претставници од Град Скопје. Како што истакна Сара Каевиќ од проектот на УСАИД, ова е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања.

 

 Градоначалникот на о. Бутел, Велимир Смилевски нагласи дека ова не е прв ваков проект во кој се вклучени ученици од различна националност, и додаде дека ова ќе биде посебно искуство, кое ќе им користи во животот.

 

 Дел од учениците со цртање графити ја искажаа пораката за мирот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.