Утре акција за чистење и во Бутел

По повод Светскиот ден на глобалното чистење 15 септември утре Општина Бутел ќе организира акција за чистење.

 

Акцијата ќе се одржува од 08:00 до 10:00 часот, а во неа ќе учествуваат вработените во општинската администрација кои ќе ја чистат поблиската и пошироката околина на општинската зграда ( околу амбулантата, споменикот и паркот, паркинзите, пазарот, училиштето, градинките, трговскиот центар и.т.н).

 

Од Општината информираат дека во текот на утрешниот ден, акции за чистење ќе бидат одржани и во сите седум основни училишта на територијата на Општина Бутел. 

 

-Оваа општинска акција е дел од националната акција за чистење на отпадот, која има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните на нашата општина и држава за правилно управување со отпадот како и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконското фрлање на отпадот, соопштија од Општина Бутел.

 

Овие активности се во пресрет на Светскиот ден на чистење, кој ќе се одржи на 15 септември кога милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го исчистат Светот во еден ден.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.