503 првачиња седнаа во училишните клупи во Општина Бутел

На првото училишно ѕвоно денеска во Општина Бутел најмногу му се израдуваа првачињата. Седумте основни училишта оваа учебна година подготвено ги дочекаа вкупно 5.600 ученици, од кои 503 првачиња.

 

Главната манифестација се одржа во ООУ Ацо Шопов каде со свечена приредба и многу музика учениците ги пречекаа најмалите соученици, првачињата. На манифестацијата присуствуваа и премиерот на Република Македонија Зоран Заев, министерот за образование и наука Арбен Адеми и градоначалникот Велимир Смилевски.

Успешен старт во новата учебна година на учениците им посака премиерот Зоран Заев. Тој на наставниците им порача несебично да го пренесуваат знаењето, а државните институции ќе им овозможат да имаат квалитетно образование, бидејќи новите генерации ќе водат грижа во иднина на нашето општество.

Како што изјави градоначалникот Смилевски, постојано ќе вложува во училиштата и во образованието бидејќи децата се иднината на една општина. Радува податокот што секоја година за неколку деца се зголемува бројот на запишани првачиња.

Градоначалникот Смилевски додаде дека инвестициите во образованието во Oпштина Бутел ќе продолжат и понатаму бидејќи само така се вложува во иднината. 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.