Санација на улици, детски реквизити и урбана опрема во Општина Бутел

Деновиве на територија на Општина Бутел се изведуваат градежни работи за реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта низ повеќе населени меса, како и на поставување нова урбана опрема и детски реквизити на игралиштата.

 

Улицата 3/1 во Визбегово е комплетно асфалтирана. Оваа улица е во должина од 190 метри и ширина 3,5 метри.
Поради големите оштетувања кои ги имала оваа улица досега преземени се неколку градежни операции пред да биде конечно асфалтирана, како комплетно вадење на долниот слој на улицата, тампонирање, и нивелирањето.


Општина Бутел изврши санација на улични дупки во Бел Камен и населбата Радишани.
Во изминативе денови се поставија новите детски реквизити на игралиштето во Скопје Север,на просторот помеѓу ул.Боро Менков и ул.Гоце Стојчевски, а на овој простор се поставија и клупи, како дел од урбаната опрема на ова игралиште, кое е во целост опремено за најмладите жители.


Нови клупи и канти за отпадоци се поставени и во населба Скопје Север, а обновени се детските реквизити и во паркот на вториот влез во населба Радишани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.