Мицкоски: Заев увезува јаглен само за да вртат нечии камиони

На денешната средба со граѓани во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со енергетиката и планот на Владата за носење на јаглен од Косово за кој рече дека е план од кој ќе се проба да се заработи и дека се знае чии камиони ќе го вршат транспортот.

„Истото како проблем е и во рамките на Европската Унија, но таму некако имаат стратегија, а кај нас стратегијата е граѓаните да дадат 20 милиони евра и на тој начин да се донесе јагленот од Косово и тој јаглен да се гори тука во Битола, ако добро ги разбрав, има тука луѓе од РЕК Битола кој ќе ме корегираат, тоа што мислам дека од прилика е така. Претпоставувам чии камиони ќе го транспортираат тој јаглен, а тоа се од прилика 400 до 500 на ден кои што треба да проаѓаат низ овој пат по кој што дојдовме овдека којшто е ветуван дека ќе се направи на секои избори, така беше на изборите 2016, 2017 година, но за жал не се направи. Значи 400 до 500 камиони треба да врват секој ден бидејќи нема како поинаку да се опслужи едноставно. Така што мислам дека тоа е план на којшто повторно ќе се заработи. План без план. План денес за денес, а утре ќе му ја мислиме што ќе правиме. Не се подготвени да направат ремонти на блоковите според информациите со кои располагам. Не се подготвени да направат откривка и да ископаат доволни количини на јаглен. Хармоникаши поставуваат таму за директори и ова е ситуацијата со којашто ние денеска се соочуваме овдека во Битола“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека битолчани и вработените во РЕК Битола не треба да се обесхрабруваат од овие постапки на Владата, бидејќи новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има конкретни планови за вложување во еколошките стандарди и продолжување на животниот век на РЕК Битола.

„Не треба да се обесхрабруваат ниту работниците во РЕК Битола, ниту пак битолчани. Новата влада има јасен план за тоа како да се справи со ова и оние планови кои што ги имаше Заев за затворање на РЕК Битола ќе бидат не само искинати, туку и нема да бидат со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ имплементирани. Имаме план за вложување и во еколошките стандарди и имаме план во вложување за продолжување на работниот век на РЕК Битола, така што луѓето тука треба да бидат спокојни. Ако власта го гледа РЕК Битола како алатка за богатење и крадење, ние го гледаме РЕК Битола како едно од основните алатки за функционирање и постоење не само на Битола, туку и на Македонија“, потенцираше Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.