„Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје - Москва

Eдна од најголемите руски авиокомпании, „Нордвинд ерлајнс“ ќе почне со летови од московскиот Меѓународен aеродром Шереметјево до Меѓународниот aеродром Скопје, од 21 мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.

Во рамки на летниот распоред на летање, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.

Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21 мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот aеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот aеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот aеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.