Демант: Интегрална објава од Компанијата Кам

Во врска со случајот за наводно откриено страно тело во замрзнат производ од увоз, спротивно на законските прописи непотврдено беше изнесен на социјални мрежи и во одделни медиуми, доведувајќи ги во заблуда јавноста и ценетите потрошувачи на КАМ маркетите.  

За потсетување на јавноста, веднаш по објавувањето на непотвредената информација на 04.04.2021г. како што налагаат интерните процедури, компанијата најодговорно ги презема сите мерки вклучително и повлекување на производот од продажба. Исто така, со цел детално истражување на случајот компанијата постапи согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за безбедност на храна, како и пропишаните постапки за заштита на правата на потрошувачите.

Компанијата КАМ, со задоволство ги известува јавноста и потрошувачите, дека по спроведувањето на сите законски утврдени анализи и проверки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите ја потврдија исправноста на производот.

Компанијата КАМ во насока на справување со јавното ширење на неосновани тврдења и невистини, кои воедно претставуваат обиди за нарушување на довербата на потрошувачите и деловниот углед на компанијата, одлучно ги презема неопходните законски постаки за изнесување на случајот пред лицето на правдата.

Продолжуваме секојдневно доследно да ги спроведуваме најдобрите светски практики и европски стандарди за безбедност на храната.

Компанијата КАМ ја користи оваа прилика да им се заблагодари на ценетите потрошувачи за потврдената дваесет и пет годишна доверба во своето работење.

 

Искрено, Ваш КАМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.