(Видео) Заев: Дополнителни 7 милиони евра поддршка за тутунопроизводителите оваа година, покрај предвидените 32 милиона

Лага е дека Владата не ги поддржа тутунопроизводителите и за последната реколта за 2020 година, која, истовремено е и година на економска криза поради пандемијата, а вистина е дека и во овие услови Владата издвои речиси 32 милиона евра за да се субвенционира тешката година за тутунопроизводителите, кои во времето на претходната влада изнесуваа едвај 20-ина милиони евра, одговори претседателот на Владата, Зоран Заев, на пратеничко прашање на седницата во Собранието.

„Направивме сѐ што требаше да се направи и во ваква тешка година по три одлични години за тутунопроизводителите кога беа постигнати највисоки цени на откупот. За да ги амортизираме последиците од лошата година, покрај субвенциите, што се некаде меѓу 30 и 32 милиона евра и кои навремено се исплаќаат во април секоја година, обезбедивме дополнителни 5 милиони евра за откуп на откупните пунктови и уште дополнителни 100 милиони денари за Тутунскиот комбинат во Прилеп за да се откупат сите преостанати количини тутун со низок квалитет“, нагласи премиерот Заев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.