Трговската размена меѓу Македонија и Германија бележи пад од 15 отсто

Трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија во 2020 година бележи пад од 15% во однос на 2019 година, информираат од Делегацијата на германското стопанство.

Според нивните анализи, извозот на нашата држава кон Германија во 2019 изнесувал 3,2 милијарди евра, додека во 2020 тој изнесувал 2,8 милијарди евра, односно е намален за 13,3%.

Увозот од Германија во Северна Македонија во 2019 бил во висина од 1,3 милијарди евра, а во 2020 тој изнесувал 1 милијарди евра и бележи пад во висина од 18%, стои во информацијата.

„Работиме на нашето портфолио на услуги и сакаме како за германските инвеститори, така и за компаниите добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово да бидеме „One Stop Shop“, информираат од делегацијата на германското стопанство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.