Бесими: Компаниите кои ќе инвестираат нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за плати

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, истакна дека фирмите нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, доколку истите парите ги инвестираат во раст и развој.

Според него, мерката ќе важи за сите компании кои ќе вложат во развој без разлика дали ќе остварат добивка или загуба на крајот на годината.

„За мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март предвидени се 1,92 милијарди денари. Се очекува месечно со мерката да бидат опфатени по 60.000 работници. Финансиската поддршка ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 денари до 21.776 денари по вработен од месечна плата“, објасни Бесими.

Критериум за доделување на мерката, според него, ќе биде економскиот резултат, односно падот на приходите во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година, споредбено со истите месеци во 2019, односно 2020 година.

„Новината која овој пакет ја носи е фокусирање кон закрепнување и економски раст, и дека без разлика дали покажуваат загуба или успех, 50% од субвенциите согласно законот треба да ги вратат следната година, освен доколку тие средства ги инвестираат наредиот период во раст и развој, тогаш ќе бидат ослободени целосно. Фокусот е на инвестиции и раст покрај поддршка на закрпенување на економијата и на приватниот сектор “, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.