Поддршката на здравството ќе биде прв приоритет на буџетот за 2021

Премиерот Зоран Заев вели дека новиот предлог-буџет за 2021 година ќе биде буџет за економска стабилност и економски раст.

„Поддршка на здравствениот сектор е прв приоритет на буџетот за 2021 година“, рече Заев.

Тој очекува враќање на економијата во преткризната состојба во втората половина од 2021 година.

„Оваа година ние се соочуваме со една од најголемите кризи во последното столетие. Економските статистики не се ништо посветли од тоа што се случува во здравствениот сектор“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според Бесими, и во идните две години економијата ќе се соочува со предизвици како последица од пандемијата.

Тој најави ребаланс и во следната година, кој како што вели е очекуван поради состојбата на светско ниво.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.