Сврти на сигурно - Еуролинк со ново осигурување за велосипедисти и велосипеди

Започнувајќи од ноември 2020 година, Еуролинк осигурување под слоганот „Сврти на сигурно“ пласираше нов продукт наменет исклучиво за велосипеди и велосипедисти.

Се работи за уникатно, ново решение кое овозможува сигурност за сите чие омилено средство за транспорт и рекреација е велосипедот. Полисата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди.

Каското за велосипеди на Еуролинк е единствено решение кај нас кое овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата.

„Осигурувањето за велосипедисти ќе ги покрива непресретнатите потреби за осигурување на урбаните велосипедисти - значителен дел од населението кое рапидно расте. Со воведување на овој продукт создаваме услови за побезбедна и почеста употреба на велосипедот како превозно средство, што на крајот ќе допринесе за унапредување на здравјето, животната средина и квалитетот на животот во заедницата. Со овој чекор продолжуваме со традицијата за воведување нови продукти на пазарот, сега засилена и со искуството од групацијата ГРАВЕ од која сме дел“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Основниот пакет BIKE чини 61,5 денари, односно 1 евро месечно, а проширениот пакет BIKE+ со вклучено каско осигурување за велосипедот се пресметува зависно од вредноста на истиот, и започнува од 100 денари месечно па нагоре.

Еуролинк осигурување беше првата осигурителна компанија која на пазарот пред неколку години воведе приватно здравствено осигурување, а со воведувањето на осигурување за велосипедисти и велосипеди продолжува со збогатување на понудата од уникатни осигурителни решенија кои покрај сигурноста во фокуст ја имаат грижата за здравјето на граѓаните.

Полисата е достапна во филијалите на Еуролинк, а повеќе информации за продуктот и условите можете да најдете во делот: Осигурување за велосипедисти и велосипеди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.