Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за половина денар на 59 и 61 денар за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 денари и ќе изнесува 26,754 денари за килограм.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.