„Вест џет“ отпушта 3.333 вработени поради корона-кризата

Канадската авиокомпанија „Вест џет“ ќе отпушти повеќе од 3.000 вработени низ целата земја, како резултат на уништувачкиот ефект на пандемијата „Ковид-19“.

Извршниот директор Ед Симс преку видеопорака ги најави големите организациски промени на оваа компанија, со седиште во Калгари. Преструктурирањето ќе доведе до губење на 3.333 постојани работни места, вклучително и 430 позиции во контакт-центрите, како и 2.300 вработени во аеродромите.

Покрај тоа, 600 вработени во „Вест џет“, како и неговата нискобуџетна подружница „Своп“, ќе ги загубат работните места. Симс рече: „Реалноста во која се наоѓаме бара тешки и често пати болни одлуки, со цел да се обезбеди нашата постојана одржливост во иднина“.

Пред пандемијата, овој гигант од Канада имаше 14.000 вработени и леташе на повеќе од 100 дестинации во 24 земји. Сега има 10.000 вработени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.